Завршен настан на проектот „Интеграција на Роми – Фаза III“

Завршен настан на проектот „Интеграција на Роми – Фаза III“

Во текот на вчерашниот ден Министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 д-р Шабан Салиу имаше обраќање на завршниот настан на проектот „Интеграција на Роми – Фаза III“, кој се реализираше во заедничка соработка помеѓу Советот на Европа и Европската Унија.

Во обраќањето беше истакнато значењето на овој програмски циклус, кој донесе конкретни резултати во унапредувањето на политиките за инклузија на Ромите, како на национално, така и на регионално ниво.

Посебно беше нагласена важноста од институционалното зајакнување, подобрувањето на координацијата меѓу институциите и креирањето на одржливи механизми за спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

Беше посочено дека преку овој проект беа поддржани бројни активности во клучните области како образование, вработување, домување и здравство, како и дека значително се унапреди вклученоста на локалните заедници и граѓанските организации во процесот на креирање и спроведување политики.

Воедно, беше потенцирано дека научените лекции и постигнатите резултати претставуваат цврста основа за понатамошни активности, особено во контекст на подготовката на новите Национални акциски планови 2026–2028.

Мени за пристапност