Средба со Wojciech Kowalski, советник за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија

Средба со Wojciech Kowalski, советник за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија

Остварив средба со Wojciech Kowalski, советник за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

На средбата разговаравме за тековните и планираните активности кои ги реализиравме во рамки на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, со посебен осврт на подготовката на новите Национални акциски планови 2026–2028. Дискутиравме за тековните ИПА проекти и можностите за нивно унапредување, како и за нови иницијативи кои ќе придонесат кон поголема социјална вклученост.

Воедно, разменивме мислења за тековните и идните активности и проекти, при што беше истакната поддршката од Европската Унија во процесите кои водат кон одржлив развој и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Мени за пристапност