Работна група за изготвување на новите Национални акциски планови 2026–2028

Работна група за изготвување на новите Национални акциски планови 2026–2028

Се формираше Работна група за изготвување на новите Национални акциски планови 2026–2028 за спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

Овие акциски планови опфатија клучни приоритетни области: образование, култура, здравство, домување, граѓанска регистрација, вработување и социјална инклузија, борба против антициганизмот, унапредување на положбата на жените и девојчињата Ромки, како и поддршка на младите Роми.

Нашата цел беше да создадеме конкретни, мерливи и остварливи мерки кои ќе придонесат за реална и одржлива инклузија на Ромите во општеството. Преку овие акциски планови обезбедивме подобар пристап до образование, здравствени услуги, домување и вработување, како и зајакнување на еднаквоста, недискриминацијата и социјалната кохезија.

Процесот на изработка на акциските планови се одвиваше во инклузивен и транспарентен дух, со вклучување на сите релевантни институции, граѓански организации и претставници на ромската заедница.

Изготвувањето на овие акциски планови се реализираше со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, што претставуваше значајна гаранција за квалитет, експертиза и усогласеност со меѓународните стандарди.

Мени за пристапност