Средба со Рафаел Нивергелт

Средба со Рафаел Нивергелт

Остваривме продуктивна средба со Рафаел Нивергелт, раководител на програмата за социјална вклученост при Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, на која присуствуваше и претставник од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

На средбата разговаравме за тековните проекти кои ги имплементиравме, како и за идните иницијативи и поддршката која се планираше од страна на Европската Унија.

Особен акцент ставивме на значењето на ИПА фондовите како клучен инструмент за унапредување на социјалната вклученост и подобрување на условите за живот на ранливите категории граѓани.

Меѓу другото, ја отворивме и темата за социјалните станови во Кичево, кои сè уште не беа ставени во употреба, иако постоеше реална потреба од нив, особено за семејствата од населбата Прилепска во Кичево. Заеднички ја истакнавме важноста од изнаоѓање решенија за нивно што поскоро ставање во функција.

Продолживме со засилена соработка и координација во насока на создавање поинклузивно и праведно општество за сите.

Мени за пристапност