Втора обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“

Втора обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“

Во Клубот на пратеници во Скопје се реализираше втората обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“, во соработка со Советот на Европа и Romalitico, организирана од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу.

Обуката претставуваше продолжение на настанот одржан на 11 март и беше наменета за професори од различни средни училишта, со цел продлабочување на знаењата за ромската култура и препознавање на антициганизмот како специфична форма на расизам.

Настанот се реализираше во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Интеграција на Ромите – трета фаза“, преку интерактивни дискусии и размена на искуства за создавање поинклузивна и недискриминаторска образовна средина.

Мени за пристапност