Организирана обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“

Организирана обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“

Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, во соработка со Совет на Европа и Romalitico, во Клубот на пратеници во Скопје организираше обука на тема „Недискриминација и борба против антициганизмот како форма на расизам“.

Обуката се реализираше во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Интеграција на Ромите – трета фаза“ и беше наменета за наставници и претставници од основното образование.

Целта на обуката беше продлабочување на знаењата за ромската култура, препознавање и разбирање на антициганизмот како специфична форма на расизам, како и зајакнување на капацитетите на наставниот кадар за обезбедување еднаков, правичен и недискриминаторски пристап во образованието.

Преку интерактивни сесии и дискусии, учесниците се запознаа со историскиот и општествениот контекст на ромската заедница и со практични пристапи за препознавање и спречување на антициганизмот во образовната средина.

Мени за пристапност