По повод Меѓународниот ден на жената - 8 март

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 март

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 март, го одбележавме настанот „Достигнувања на жените Ромки - успеси и предизвици".

Настанот се организираше во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и во рамки на проектот „Социјално претприемништво за жени Ромки - Романсе", финансиран од Европската Унија, кој беше имплементиран од страна на Ромскиот Ресурсен Центар и Иницијатива за правата и жените од Шуто Оризари.

Со учество на претставници од институции, меѓународни организации и невладиниот сектор, се поттикна конструктивна дебата и размена на добри практики за предизвиците и можностите за економско и општествено јакнење на жените Ромки.

Целта беше да се создадат еднакви можности за сите и да се истакнат достигнувањата на жените Ромки, како важен дел од нашето општество.

Мени за пристапност