Во соработка со United Nations Office for Project Services (UNOPS), на високо ниво беше презентирана SWOT анализата изработена од експертот Ебен Фридман, ангажиран преку проект на UNOPS

 Во соработка со United Nations Office for Project Services (UNOPS), на високо ниво беше презентирана SWOT анализата изработена од експертот Ебен Фридман, ангажиран преку проект на UNOPS

Денес, во Владата на Република Северна Македонија, во соработка со United Nations Office for Project Services (UNOPS), на високо ниво беше презентирана SWOT анализата изработена од експертот Ебен Фридман, ангажиран преку проект на UNOPS.  Настанот се одржа во присуство на амбасадори, министри, пратеници, директори на институции, како и претставници од државни органи, меѓународни организации и граѓанскиот сектор, што му даде особена важност и институционална тежина.  Целта беше да се претстават клучните наоди од анализата, кои ја прикажуваа моменталната состојба, можностите и предизвиците во областа на инклузијата на Ромите, како и да се презентираат конкретни препораки што послужија како основа за носење стратешки одлуки и унапредување на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.  Присутните високи претставници активно се вклучија со свои коментари и предлози, при што беше нагласена потребата од засилена меѓуинституционална координација и континуирана партнерска соработка.  Овој настан претставуваше значаен чекор кон поефективна имплементација на стратешките приоритети и потврда за силната соработка со UNOPS во насока на подобрување на условите за ромската заедница.

 

Мени за пристапност