Одржана консултативна работилница, во соработка со United Nations Office for Project Services (UNOPS)

Одржана консултативна работилница, во соработка со United Nations Office for Project Services (UNOPS)

На ден 04.02.2026 година беше одржана консултативна работилница, во соработка со United Nations Office for Project Services (UNOPS), беше презентирана SWOT анализа изработена од експертот Ебен Фридман, ангажиран преку проект на UNOPS.
Настанот имаше за цел да ги претстави клучните наоди од спроведената анализа, кои ја прикажаа моменталната состојба, можностите и предизвиците во областа на инклузијата на Ромите.

Експертот презентираше и конкретни препораки, кои послужија како основа за донесување стратегиски одлуки и планирање мерки со цел унапредување на ефективната имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 и подобрување на условите за заедницата. Свои забелешки и коментари дадоа и претставници од институциите, невладиниот сектор, како и меѓународни организации.

Овој настан беше уште еден пример за конструктивна соработка со UNOPS, која донесе конкретни резултати и практични насоки за идни активности во рамки на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

Мени за пристапност