Денес беше остварена работна средба со градоначалникот на Општина Тетово, г-дин Билал Касами и г-дин Али Азизи, раководител на Проектната единица за имплементација на проекти за Роми и други маргинализирани групи, на која се разговараше за тековните активности и приоритетите поврзани со унапредувањето на состојбата на Ромите.
На средбата, градоначалникот беше запознаен со стратешките цели и клучните области на работа, со посебен акцент на образованието, домувањето, вработувањето и социјалната инклузија.
По остварената средба во Тетово, теренската агенда продолжи со работна средба со градоначалникот на Кичево, г-дин Александар Јовановски.
На средбата се разговараше за стратешките приоритети и клучните области на делување. Главна тема на разговор беше наоѓање трајно решение за станбеното прашање на жителите од населбата Прилепска. Исто така, се разговараше за надминување на проблемот со превозот на учениците од населбата Раштани.
Дополнително, градоначалникот беше информиран за актуелниот повик за инфраструктурни проекти, кој претставуваше значајна можност за подобрување на средините каде што живее доминантно ромско население.
Беа разменети мислења за предизвиците со кои се соочуваше локалната заедница и можностите за нивно надминување преку заедничка и координирана акција.
Воедно, беше информирано за тековниот повик за инфраструктурни проекти, кој претставуваше значајна можност за општината да аплицира и да обезбеди средства за подобрување на условите за живот на граѓаните.