Кампања „Учам за подобра иднина“

Министер без ресор of the Republic of North Macedonia

Кампањата „Учам за подобра иднина“ денес продолжува во ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп и ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.

Во рамки на активностите, кабинетот оствари средби со учениците од 6-то до 9-то одделение, при што преку интерактивен пристап се разговараше за значењето на образованието, можностите што ги нуди понатамошното школување, како и за предизвиците со кои се соочуваат учениците од ромската заедница.

Посебен акцент се става на поддршката на децата Роми, нивната поголема вклученост и задржување во образовниот процес, како и на рушење на бариерите што стојат на патот кон квалитетно образование. Се верува дека преку вакви директни средби и отворен дијалог може да се зајакне нивната мотивација и самодоверба.

Мени за пристапност