Средба со претставници од амбасада на САД во Скопје

Средба со претставници од амбасада на САД во Скопје

Денес беше остварена средба со претставници од Амбасадата на САД во Скопје, г. Ендрју Ковтун и г. Адријан Исмаили.

На средбата беа презентирани надлежностите и тековната работа на Кабинетот, како и активностите што се спроведуваат во рамките на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

Посебен акцент беше ставен на проектите и иницијативите што се реализираат во соработка со различни министерства и институции, со цел подобрување на положбата на ромската заедница и унапредување на нејзината социјална инклузија.

Во текот на состанокот се разговараше и за можностите за идна соработка, особено во делот на поддршка за училиштата, донации за локалните општини, како и реализација на заеднички проекти кои ќе придонесат за подобри услови за живот и развој на ромската заедница.

Мени за пристапност