Средба со новоименуваниот директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Аднан Ејуп

Средба со новоименуваниот директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Аднан Ејуп

Денес беше остварена работна средба со новоименуваниот директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Аднан Ејуп.

На средбата се разговараше за тековните состојби на пазарот на труд, предизвиците со кои се соочуваат невработените лица, како и за можностите за унапредување на активните мерки и политики за вработување.

Посебен акцент беше ставен на креирање инклузивни програми и мерки кои ќе обезбедат еднакви можности и поголема вклученост на сите граѓани на пазарот на трудот.

Беа разменети мислења за продлабочување на соработката меѓу институциите, со цел креирање конкретни иницијативи кои ќе придонесат за зголемување на вработливоста, развој на вештини и економска стабилност.

Мени за пристапност