Средба со директорката на Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“, Слободанка Џепоска

Средба со директорката на Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“, Слободанка Џепоска

Денес беше остварена работна средба со директорката на Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“, Слободанка Џепоска, како и со учениците Роми кои се дел од образовниот процес во оваа институција.

Во рамки на средбата се разговараше за тековните состојби, предизвиците и можностите за унапредување на квалитетот на образованието и поддршката што ја добиваат учениците. Посебен акцент беше ставен на унапредување на инклузивните политики, обезбедување соодветни услови за учење и поттикнување на нивниот личен развој и самостојност.

Со директорката беа разменети мислења за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и креирање конкретни иницијативи кои ќе придонесат за поголема интеграција и еднаков пристап до образование за учениците Роми.

Мени за пристапност