"ROMA WEEK 2026"

"ROMA WEEK 2026"

Во изминатите денови во Брисел се учествуваше на Roma Week 2026, една од најзначајните европски платформи посветени на унапредување на правата, еднаквоста и инклузијата на Ромите.

Roma Week оваа година ги обедини европските институции, креаторите на политики и ромските организации со јасна цел – зајакнување на политичката посветеност за реални и мерливи резултати во животот на Ромите низ Европа.

Во рамки на настаните беа отворени клучни прашања за иднината на ромската инклузија, особено во контекст на новата финансиска рамка на Европската Унија, со фокус на подобрување на политиките и нивната практична имплементација.

Овие средби претставуваат значајна можност за размена на искуства, зајакнување на соработката и усогласување на националните политики со европските стандарди.

Присуството на овој настан претставува потврда за континуираната посветеност на унапредување на положбата на Ромите, преку конкретни мерки, партнерства и активна вклученост во европските процеси.

Ќе продолжи засилената динамика во имплементацијата на политиките за инклузија, со јасна цел – подобар живот, еднакви можности и достоинство за секој граѓанин.

Мени за пристапност