„Негување на дијалог меѓу полицијата, општините и ромската заедница во Скопје“

„Негување на дијалог меѓу полицијата, општините и ромската заедница во Скопје“

Претставници од Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, присуствувале на тркалезна маса на тема „Негување на дијалог меѓу полицијата, општините и ромската заедница во Скопје“, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Оваа иницијатива претставувала продолжение на претходно реализираните тркалезни маси во општините Битола и Прилеп, каде што претставници од ромската заедница, полицијата и општинските институции дискутирале за клучни прашања од значење за подобрување на меѓусебната комуникација и соработка.

На настанот во Скопје била истакната важноста од градење доверба и воспоставување континуиран дијалог помеѓу сите засегнати страни, со цел поефикасно справување со предизвиците со кои се соочува ромската заедница.

Мени за пристапност