Претставници од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, денеска учествуваа на настанот „Трансформирање на системите за грижа во Северна Македонија преку инклузивен, родово одговорен пристап“, организиран од UN Women.
На настанот се дискутираше за унапредување на системите за грижа преку инклузивен и родово одговорен пристап, како и за креирање политики што ќе придонесат кон поголема еднаквост, социјална вклученост и подобар квалитет на живот за сите граѓани.