Средба со Националниот демократски институт

Средба со Националниот демократски институт

Денес, претставници од Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, остварија средба со г-ѓа Александра Крстеска од Националниот демократски институт.
На состанокот разговараа за тековните активности и работата на NDI во насока на поддршка на ромската заедница, како и за можностите за понатамошна заедничка соработка на теми поврзани со борбата против антициганизмот, унапредувањето на човековите права и зајакнувањето на инклузијата на Ромите во општеството, со посебен акцент на жените и девојчињата Ромки.
Во рамки на средбата разменија мислења и идеи за идни активности и иницијативи кои ќе придонесат кон поефикасно адресирање на предизвиците со кои се соочува ромската заедница, како и за продлабочување на институционалната соработка во оваа област.

Мени за пристапност