Посета на СУГС „Шаип Јусуф“ , ЈОУДГ „8-ми Април“ и Дневниот центар за деца во ризик „Патека на надежта“ во општина Шуто Оризари

Посета на СУГС „Шаип Јусуф“ , ЈОУДГ „8-ми Април“ и Дневниот центар за деца во ризик „Патека на надежта“ во општина Шуто Оризари

Продолживме со активностите во рамки на посетата на г. Фабијан Даниел-Санчез, претседател на Presencia Gitana и на Шпанскиот национален совет на Ромите.

Заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, во текот на денот ги посетивме СУГС „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари, ЈОУДГ „8-ми Април“ и Дневниот центар за деца во ризик „Патека на надежта“, каде што имавме можност одблиску да се запознаеме со работата, активностите и секојдневните предизвици со кои се соочуваа овие институции.

Особено беше важно што се споделија искуства, идеи и добри практики кои можат да придонесат за подобра поддршка, поголема инклузија и повеќе можности за децата и младите.

Мени за пристапност