Панел дискусија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје

Панел дискусија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје

Денес, во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, организиравме дискусија посветена на прашања од значење за ромската заедница и процесите на европска интеграција.

Особена чест ми претставуваше тоа што на настанот се обрати амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. Свое обраќање имаше и г. Фабијан Даниел-Санчез, претседател на Presencia Gitana и на Шпанскиот национален совет на Ромите, долгогодишен активист и експерт во областа на ромските права и политиките за инклузија.

Преку размена на искуства и добри практики од Кралството Шпанија, отворивме конструктивен дијалог за предизвиците и можностите поврзани со социјалната инклузија, домувањето, образованието, вработувањето, борбата против дискриминацијата и културната афирмација на ромската заедница.

Верувам дека ваквите средби претставуваат значаен чекор кон зајакнување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери.

Мени за пристапност