Средба со заменик-амбасадорот на САД

Средба со заменик-амбасадорот на САД

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, заедно со својот Кабинет, оствари средба со заменик-амбасадорот на Соединетите Американски Држави, г. Zachary Harrison.

Средбата претставуваше можност за отворен и конструктивен разговор за состојбата, предизвиците и приоритетите поврзани со унапредувањето на инклузијата на Ромите, како и за конкретните чекори што треба да се преземат во наредниот период.

Посебен акцент беше ставен на ефективната имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, како еден од клучните инструменти за подобрување на положбата на Ромите и обезбедување еднакви можности за сите граѓани.

На средбата се разговараше и за актуелните предизвици во областите од особено значење за ромската заедница – пристапот до образование, вработување, здравствена и социјална заштита и домување. Беше истакната и потребата од поголема институционална координација и развивање одржливи политики што ќе носат конкретни и мерливи резултати на терен.

Во таа насока, беа разгледани и можностите за понатамошно продлабочување на соработката и поддршката од страна на Соединетите Американски Држави, особено во процесите поврзани со реализацијата на приоритетите и целите утврдени со Стратегијата.

Министерот му се заблагодари на г. Zachary Harrison за отворениот, искрен и конструктивен разговор и ја истакна определбата за продолжување на партнерството и заедничката работа во насока на унапредување на инклузијата на Ромите.

Беше нагласено дека континуираната институционална соработка и партнерството се од особено значење за постигнување конкретен напредок и создавање подобра иднина и еднакви можности за сите граѓани.

Мени за пристапност