Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, заедно со својот Кабинет, оствари работна средба со претставници на УНИЦЕФ, предводени од г-ѓа Лесли Милер.
На средбата се разговараше за унапредување на состојбата на ромската заедница, со посебен фокус на ромските деца, нивното учество во образовниот процес и постигнувањето подобри образовни резултати.
Посебно внимание беше посветено на предизвиците со кои се соочуваат ромските деца, потребата од поголема поддршка и создавање еднакви можности за квалитетно образование и понатамошен развој. Беше нагласена и важноста од поддршка на процесот за воведување универзална детска парична поддршка.
На средбата беше истакната потребата преку заедничка работа и координирана соработка со релевантните институции и партнери да продолжат конкретните активности насочени кон поголема инклузија на ромските деца во образовниот систем и создавање еднакви можности за секое дете.
Заедничката посветеност, институционалната поддршка и континуираната соработка се од особено значење за создавање подобри услови и посигурна иднина за ромските деца.