Министерот Ерџан Демир присуствуваше на манифестацијата „Мајка Тереза – живот во служба на човештвото“

Министерот Ерџан Демир присуствуваше на манифестацијата „Мајка Тереза – живот во служба на човештвото“

Министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, г. Ерџан Демир, присуствуваше на манифестацијата „Мајка Тереза – живот во служба на човештвото“, организирана по повод одбележувањето на животот и делото на Мајка Тереза.

Во рамки на манифестацијата беше промовирана книгата „Мисионерскиот пат на Гонџе Бојаџиу до универзалната Мајка Тереза“, а присутните имаа можност да ја проследат и изложбата со фотографии посветени на животот и делото на Мајка Тереза.

Присуството на министерот Демир на овој настан претставува поддршка на вредностите на хуманоста, солидарноста, почитувањето и еднаквоста, кои се универзална порака и наследство на Мајка Тереза.

Мени за пристапност