Работна средба со претставници од институтот за анализи и истражувања Ромалитико.

 Работна средба со претставници од институтот за анализи и истражувања Ромалитико.
Денес, во мојот Кабинет, остваривме средба со претставници од институтот за анализи и истражувања Ромалитико.
На средбата разговаравме за актуелните предизвици со кои се соочува ромската заедница, како и за можностите за унапредување на соработката и заедничко делување во насока на подобрување на положбата на Ромите.
Особено внимание беше посветено на прашања поврзани со инклузијата, еднаквите можности, образованието, инфраструктурни проекти,вработувањето, борбата против антициганизмот и унапредувањето на правата на ромската заедница.
Како Кабинет, остануваме отворени за конструктивен дијалог и соработка со граѓанските организации и сите релевантни чинители, со цел заеднички да придонесеме кон создавање подобри услови и конкретни решенија за ромската заедница.
Благодарност до Ромалитико за отворениот и конструктивен разговор

Мени за пристапност