Денес, заедно со мојот Кабинет, остваривме средба со г-ѓа Рита Колумбија, резидентна координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија.
На средбата разговаравме за актуелните предизвици со кои се соочува ромската заедница, како и за можностите за продлабочување на соработката и заедничко делување во насока на унапредување на инклузијата и еднаквите можности.
Посебен акцент ставивме на приоритетите поврзани со образованието, вработувањето, социјалната инклузија, пристапот до права и услуги, како и на потребата од создавање одржливи решенија за подобрување на положбата на Ромите.
Размената на искуства и отворениот дијалог со Обединетите нации се од особено значење за нас.
Како Кабинет, остануваме посветени на градење силни партнерства со меѓународните организации и сите релевантни институции, со цел заеднички да придонесеме кон поинклузивно општество и подобра иднина за ромската заедница.