Денес, заедно со мојот Кабинет, остваривме средба со амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија.
На средбата разговаравме за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува ромската заедница, како и за можностите за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи во насока на унапредување на положбата и интеграцијата на Ромите.
Особено внимание посветивме на образованието, социјалната инклузија, еднаквите можности и создавањето услови за поголемо учество на Ромите во општеството.
Благодарност за отворениот и конструктивен разговор, како и за подготвеноста за понатамошна соработка