Работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, г. Рафаел Ортиз

Работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, г. Рафаел Ортиз
Денес, заедно со мојот Кабинет, остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, г. Рафаел Ортиз.
Разговаравме за предизвиците со кои се соочува ромската заедница, за имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, како и за можностите за продлабочување на меѓународната соработка.
Размената на искуства со Шпанија, особено во делот на интеграцијата и културната инклузија на Ромите, е значајна можност за развивање на нови пристапи и практични решенија.
Нашата цел не е само дијалог – туку конкретна акција.
Ќе продолжиме да градиме партнерства со амбасадите, меѓународните организации и сите релевантни чинители, со јасна определба: заеднички да иницираме и реализираме активности што ќе донесат видливи и одржливи резултати за ромската заедница.
Инклузијата бара одговорност, партнерство и континуирана работа. Само заедно можеме да создадеме еднакви можности и подобри услови за живот за сите.
Благодарност до Амбасадата на Кралството Шпанија за отвореноста и подготвеноста за понатамошна соработка.

Мени за пристапност