Средба со амбасадорката на Словачка

Средба со амбасадорката на Словачка

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 оствари средба со амбасадорката на Словачката Република, г-ѓа Iveta Hricova.

На средбата се разговараше за состојбата и предизвиците поврзани со инклузијата на Ромите, со посебен акцент на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 и областите од клучно значење за ромската заедница – образованието, вработувањето, здравствената и социјалната заштита и домувањето.

Посебно внимание беше посветено на можностите за продлабочување на соработката и поддршката од страна на Словачката Република во остварувањето на приоритетите и целите утврдени со Стратегијата.

Министерот ѝ се заблагодари на г-ѓа Iveta Hricova за отворениот и конструктивен разговор и ја истакна посветеноста кон продолжување и зајакнување на партнерството во насока на унапредување на положбата и инклузијата на Ромите и создавање подобра иднина и еднакви можности за сите граѓани.

Мени за пристапност