Во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, одржан состанок со претставници на донаторската заедница, меѓународни организации и амбасади

Во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, одржан состанок со претставници на донаторската заедница, меѓународни организации и амбасади

Денеска, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, беше одржан состанок со претставници на донаторската заедница, меѓународни организации и амбасади.

На состанокот беа презентирани приоритетите на ромската заедница за доследна и целосна интеграција, а се разговараше и за унапредување на институционалната координација, зајакнување на партнерската соработка и продлабочување на заедничките активности во насока на поефикасна и одржлива имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

Учесниците ја потврдија подготвеноста за понатамошна соработка и заедничко дејствување преку конкретни иницијативи и активности.

Беше изразена благодарност до сите присутни за конструктивната дискусија, поддршката и придонесот кон заедничката цел – унапредување на ромската инклузија и еднаквите можности за сите граѓани.

Мени за пристапност