Денес остварив работна средба со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, г. Муамер Сефери, на која разговаравме за унапредување на условите за животната средина, одржувањето на јавните зелени површини и можностите за заедничка соработка во интерес на граѓаните.
Во текот на средбата ја истакнав важноста од создавање почиста, поздрава и поуредена животна средина за сите граѓани, како и потребата од поголема грижа за јавните простори, особено во населбите каде што беше потребна дополнителна поддршка и инвестиции.