Денес беше остварена работна средба со директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје, г-дин Марјан Стефановски, на која се разговараше за актуелни прашања поврзани со домувањето и условите за живот на семејствата погодени од елементарна непогода во населеното место Рамина – Велес.
Посебен акцент беше ставен на можностите за трајно решавање на проблемот со домувањето на 18 семејства привремено сместени во населбата Тунел – бараки во Велес, преку изнаоѓање модел и можност за изградба на станови за овие семејства.
Како институции, остануваат посветени на изнаоѓање одржливи и достоинствени решенија за граѓаните кои со години се соочуваат со несоодветни услови за живеење. Изразено е уверување дека преку меѓуинституционална соработка, посветеност и конкретни чекори, може да се придонесе кон подобар и подостоинствен живот за овие семејства.