Денеска беше остварен работен состанок со Владимир Мартиноски, декан на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
На состанокот се разговараше за историјата и развојот на ромскиот јазик, неговата сегашна состојба, како и за можностите за продлабочување на идната соработка со Филолошкиот факултет. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето, зачувувањето и афирмацијата на ромскиот јазик во образовниот процес, како значаен дел од културниот и јазичниот идентитет на ромската заедница.
Воедно, беше истакната важноста од заеднички иницијативи и академска поддршка за развој на научни и образовни програми кои ќе придонесат за поголема видливост и употреба на ромскиот јазик во институциите и општеството. Соговорниците ја потврдија подготвеноста за понатамошна соработка во насока на создавање нови можности за студентите, истражувачите и сите кои активно придонесуваат за развојот и промоцијата на ромскиот јазик и култура.