Денес кампањата „Учам за подобра иднина“ продолжи во ООУ „Санде Штерјоски“ во Кичево, каде со учениците се разговараше за важноста на образованието, личниот развој и градењето подобра иднина преку знаење, труд и посветеност.
Преку отворена комуникација и мотивациски активности, учениците имаа можност да ги споделат своите размислувања, цели и идеи за својата иднина, со заедничка порака дека образованието е клучот за напредок и еднакви можности за сите.
Беше изразена благодарност до раководството на училиштето, наставниот кадар и учениците за топлиот прием и соработката.