Денес, во рамки на активностите за унапредување на инклузијата на Ромите, се одржа настан посветен на размена на искуства и добри практики во оваа област.
Особена чест претставуваше присуството пратеникот во Парламентот на Република Хрватска, г-дин Вељко Кајтази,долгогодишен застапник на правата на националните малцинства, особено на ромската заедница, претседателката на Сојузот на Ромите во Република Хрватска „КАЛИ САРА“, како и членовите на хрватската делегација, претставници од институции и организации.
Г-дин Вељко Кајтази е хрватски политичар, пратеник во Хрватскиот сабор и долгогодишен застапник на правата на националните малцинства, особено на ромската заедница. Во рамки на настанот тој ги презентираше искуствата и практиките од Република Хрватска во однос на унапредувањето на положбата на Ромите, со акцент на институционалните механизми, учеството на Ромите во процесите на одлучување и креирањето политики за инклузија.
Преку отворен дијалог и размена на искуства се разговараше за актуелните предизвици, успешните модели и можностите за понатамошно унапредување на инклузијата на Ромите, со посебен акцент на регионалната соработка и создавањето еднакви можности за сите граѓани.
Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, продолжи посветено да работи на развој и спроведување на конкретни и одржливи политики во интерес на ромската заедница.