Oдржан четвртиот состанок на Националното координативно тело

Oдржан четвртиот состанок на Националното координативно тело

Oдржан четвртиот состанок на Националното координативно тело за следење на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

Во рамки на состанокот беа разгледани досегашните активности, постигнатите резултати и предизвиците во процесот на имплементација на Стратегијата. Притоа, членовите на телото дискутираа за идните чекори, приоритетите и планираните активности насочени кон поефикасна реализација на Националните акциски планови во клучните области – образование, вработување, домување, здравство и социјална заштита.

Во изминатиот период беа изготвени нови Национални акциски планови со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кои во следниот период ќе бидат предложени за усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија.

На состанокот беше истакната важноста од континуирана меѓуинституционална соработка, координација и активно вклучување на сите релевантни чинители, со цел да се обезбеди подобро следење на спроведувањето на мерките и постигнување конкретни и одржливи резултати за унапредување на положбата и инклузијата на ромската заедница.

Со заеднички пристап, посветеност и ефикасна имплементација на предвидените активности, се создаваа услови за остварување на долгорочни промени и еднакви можности за сите граѓани.

Мени за пристапност