Министерот без ресор Ерџан Демир, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 присуствуваше на повеќе настани и средби

Министерот без ресор Ерџан Демир, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 присуствуваше на повеќе настани и средби

Во текот на денешниот ден, министерот без ресор Ерџан Демир, задолжен за интеграција и имплементација на Националната стратегија за инклузија на Ромите 2022–2030 присуствуваше на повеќе настани и средби организирани по повод официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојуваше во својата прва официјална посета на Република Северна Македонија.

Посебно значење имаше фактот што меѓу поканетите беа и истакнати претставници на ромската заедница. Со тоа беше испратена силна порака за почитување на мултикултурниот карактер на државата, како и за признавање на придонесот што Ромите го даваат во развојот на македонското општество.

Научните истражувања со децении укажуваат дека Индија се смета за прататковина на ромскиот народ, а јазичните, културните и историските врски меѓу ромскиот народ и Индија претставуваат предмет на бројни научни анализи и истражувања ширум светот.

Оваа историска посета претставуваше важен чекор кон продлабочување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Индија, отворајќи нови можности за соработка во повеќе области. Истовремено, таа претставуваше потврда на заедничката определба за градење посилни партнерства, меѓусебно почитување и заеднички развој во иднина.

Мени за пристапност