2 Август – Европски ден на сеќавање на Холокаустот врз Ромите – Самударипен

2 Август – Европски ден на сеќавање на Холокаустот врз Ромите – Самударипен

2 Август – Европски ден на сеќавање на Холокаустот врз Ромите – Самударипен

Денес се сеќаваме. Денес оддаваме почит.

На 2 август се сеќаваме на илјадниците Роми и Синти кои беа жртви на нацистичкиот геноцид и на систематското прогонување, дехуманизација и истребување за време на Втората светска војна.

На 2 август 1944 година, во Аушвиц-Биркенау, повеќе од 3.000 Роми – жени, деца, мажи и стари лица – беа убиени. Нивните животи беа прекинати поради омраза, расизам и идеологија која човечкиот живот го подели на вреден и невреден.

Нивните имиња можеби не се сите запишани, но нивното страдање не смее да биде заборавено.

Како Министер и како општество, имаме обврска да ја чуваме историската меморија и да им ја пренесеме на идните генерации. Но, сеќавањето има вистинско значење само ако не обврзува да делуваме.

Нашата цел мора да биде општество во кое секој човек има еднакви права, еднакви можности и еднакво достоинство.

Како министер задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, сметам дека нашата одговорност е јасна, да изградиме политики кои не само што зборуваат за инклузија, туку и создаваат реални можности за образование, вработување, здравство, домување, учество и достоинствен живот.

Сеќавањето на жртвите на Самударипен е и наша обврска кон иднината.

Да паметиме за да не се повтори.

Да зборуваме за да не биде заборавено.

Да делуваме за секој човек да живее со достоинство и еднаквост.

Нека е вечна меморијата на жртвите на Холокаустот врз Ромите.

 

Ерџан Демир

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030

Мени за пристапност