Министерот Ерџан Демир, заедно со Амбасадата на Народна Република Кина, додели училишен прибор за првачињата Роми.

Министерот Ерџан Демир, заедно со Амбасадата на Народна Република Кина, додели училишен прибор за првачињата Роми.

Денес, министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Ерџан Демир, во соработка и со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина, додели училишен прибор за првачињата Роми од ООУ „Страшо Пинџур“ во Општина Ѓорче Петров.

Оваа иницијатива е реализирана со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина и Н.Е. Џијанг Сјаојен, на кои им упатуваме искрена благодарност за нивната хуманост, солидарност и посветеност кон создавањето подобри можности за најмладите. Ваквите партнерства претставуваат значаен придонес во унапредувањето на образованието и поттикнувањето на еднаквите можности за сите деца.

Почетокот на образовниот пат е еден од најважните моменти во животот на секое дете. Првиот училишен ден носи нови предизвици, радост, љубопитност и надеж за иднината. Затоа, важно е секое дете да го започне овој пат со чувство на сигурност, поддршка и припадност, со можност рамноправно да учествува во образовниот процес и да ги развива своите способности и таленти.

Секое дете заслужува еднаква можност да учи, да се развива и да ги остварува своите соништа, без разлика на неговото потекло, социјалниот статус или условите во кои расте. Пристапот до образование и обезбедувањето соодветни услови за учење се основа за изградба на поправедно и поинклузивно општество, во кое секој млад човек ќе има можност да го достигне својот целосен потенцијал.

Посебно внимание мора да посветиме на децата од ромската заедница, охрабрувајќи ги да го продолжат своето образование и создавајќи услови во кои ќе бидат прифатени, поддржани и еднакво вклучени во образовниот систем. Инклузијата не треба да остане само заложба на хартија, туку да се претвори во конкретни активности и мерки што ќе донесат видливи промени во секојдневниот живот на децата и нивните семејства.

Како министер, Ерџан Демир останува посветен на унапредувањето на образованието и инклузијата на Ромите, со цел да се придонесе кон намалување на нееднаквостите, спречување на социјалното исклучување и создавање подобри можности за секое дете. Преку институционална поддршка, соработка со образовните установи, локалните самоуправи и меѓународните партнери, можеме да постигнеме долгорочни и одржливи резултати.

Нашите деца се нашата иднина, а вложувањето во нивното образование е вложување во иднината на целото општество. Заедничката соработка меѓу институциите и меѓународните партнери е важен чекор кон создавање подобри услови за учење, развој и напредок на секое дете.

Продолжуваме заеднички да работиме на создавање општество во кое секое дете ќе има еднакви можности да напредува, да ги реализира своите потенцијали и да гради подобра иднина.

 

Мени за пристапност