Министерот Ерџан Демир, заедно со Амбасадата на Народна Република Кина, додели училишен прибор за првачињата Роми

Министерот Ерџан Демир, заедно со Амбасадата на Народна Република Кина, додели училишен прибор за првачињата Роми

Денес, министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Ерџан Демир, го посети Основното општинско училиште „Дане Крапчев“ во Општина Гази Баба, каде што на првачињата Роми им беше доделен училишен прибор со цел да им се олесни почетокот на нивниот образовен пат и да се даде дополнителна поддршка за нивно успешно вклучување во образовниот процес.

Оваа донација е обезбедена со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина и Н.Е. Џијанг Сјаојен, на кои министерот Ерџан Демир им упатува искрена благодарност за нивната поддршка, солидарност и покажаната грижа за најмладите членови на нашето општество.

Поддршката за децата уште од најраната возраст е од особено значење за создавање еднакви можности за образование и развој. Секое дете заслужува да го започне своето образование со потребните услови, со чувство на сигурност, прифатеност и охрабреност да ги развива своите способности и потенцијали. Токму затоа, обезбедувањето училишен прибор претставува повеќе од материјална помош – тоа е конкретен знак на внимание, грижа и вложување во иднината на децата.

Во рамките на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, унапредувањето на пристапот до квалитетно образование и создавањето еднакви можности за ромските деца претставуваат значајни приоритети. Континуираната поддршка на учениците и соработката со образовните институции, меѓународните партнери и дипломатските претставништва се важни предуслови за надминување на предизвиците и за градење поинклузивно општество во кое секое дете ќе има можност да напредува.

Министерот Ерџан Демир ја нагласува важноста од заедничко делување на институциите, училиштата, семејствата и меѓународните партнери, со цел да се обезбеди поддршка што ќе одговори на реалните потреби на децата и ќе придонесе кон нивното образовно и лично напредување.

„Образованието е една од најважните инвестиции во иднината на секое дете. Наша обврска е да создадеме услови во кои сите деца ќе имаат еднакви можности за учење, развој и успех. Сакаме секое дете да знае дека е важно, дека има поддршка и дека неговите соништа заслужуваат да станат реалност. Нашите деца се нашата иднина и затоа мораме да бидеме покрај нив, да ги охрабруваме и да им помогнеме да го остварат својот целосен потенцијал“, истакнува министерот Демир.

Кабинетот на министерот и понатаму ќе продолжи да работи на унапредување на инклузијата на Ромите, со посебен акцент на образованието, еднаквите можности и создавањето услови за секое дете да има пристап до образование и подобра иднина

Мени за пристапност