Работна средба за поддршка, зачувување и афирмација на ромската култура и традиција

Работна средба за поддршка, зачувување и афирмација на ромската култура и традиција

Денес имав работна средба со г. Бранко Петровски, претседател на здружението „Романо Ило“, кое работи на поддршка, зачувување и афирмација на ромската култура и традиција.


На средбата разговаравме за значењето на културното наследство како темел на идентитетот на една заедница. Од господинот Петровски ја добив „Ромската антологија“ – значајно издание што собира ромска проза, поезија и драмски дела од група ромски автори.


Ваквите изданија се доказ дека културата на една заедница живее преку своите творци и нивните зборови. Литературата, јазикот и традицијата ги пренесуваат искуствата, вредностите и сеќавањата од генерација на генерација, ја градат самодовербата на заедницата и го збогатуваат културното богатство на целото општество. Токму затоа поддршката на здруженија како „Римано Ило“ е инвестиција во меѓусебното разбирање, почитта кон различностите и заедничкото живеење.


Му се заблагодарувам на г.Петровски за љубезноста и за вредниот подарок, како и за несебичниот придонес во зачувувањето на ромската култура.

Мени за пристапност