Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Ерџан Демир, оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. Озлем Џанел (Özlem Canel).
На средбата се разговараше за актуелната состојба на ромската заедница во државата, предизвиците со кои се соочуваат Ромите, како и за потребата од унапредување на нивната положба и обезбедување еднакви можности во сите сфери на општественото живеење.
Посебен акцент беше ставен на можностите за продлабочување на соработката со меѓународните партнери, поддршката на иницијативите насочени кон унапредување на образованието, вработувањето, домувањето и социјалната инклузија, како и на зајакнувањето на институционалната координација во спроведувањето на активностите предвидени со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.
Министерот Ерџан Демир ја истакна важноста на континуираната поддршка и партнерството со меѓународната заедница во насока на надминување на постојните предизвици и создавање подобри услови за целосна интеграција на Ромите во општеството.
На средбата беше потврдена важноста од отворениот дијалог и продолжувањето на соработката во насока на унапредување на положбата на ромската заедница.