Министерот Ерџан Демир оствари средба со амбасадорот на Република Турција Алпер Акташ (Alper Aktaş)

Министерот Ерџан Демир оствари средба со амбасадорот на Република Турција Алпер Акташ (Alper Aktaş)

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Ерџан Демир, денес оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Алпер Акташ.

Посебен акцент беше ставен на прашањата поврзани со унапредувањето на положбата на ромската заедница, создавањето еднакви можности и подобрувањето на пристапот до образованието, вработувањето, здравствената и социјалната заштита, како и јакнењето на институционалната поддршка за Ромите.

Министерот Ерџан Демир ги претстави своите приоритети и насоките во работата, истакнувајќи дека унапредувањето на инклузијата на Ромите бара континуирана посветеност, координиран пристап и активна соработка меѓу институциите,

Притоа, ја нагласи потребата од конкретни мерки и активности кои ќе придонесат за надминување на постојните предизвици и создавање подобри услови за целосно учество на Ромите во општествениот живот.

Во разговорот беа разгледани и можностите за поддршка на иницијативи во областа на образованието, младите и економското зајакнување на ромската заедница. Беше истакнато дека размената на искуства и добри практики може да придонесе за развивање нови решенија и активности кои ќе одговорат на реалните потреби на ромската заедница.

Дополнително, беше нагласена важноста од поголемо вклучување на ромската заедница во процесите на донесување одлуки, како и потребата од унапредување на комуникацијата и соработката со ромските здруженија и организации, со цел нивните потреби, предлози и иницијативи да бидат соодветно земени предвид при креирањето на политиките.

На крајот од средбата, министерот Ерџан Демир изрази подготвеност за продолжување на комуникацијата и продлабочување на соработката со Амбасадата на Република Турција, со цел разгледување и реализација на конкретни активности.

Средбата помина во конструктивна атмосфера, со заедничка заложба за продолжување на дијалогот и создавање нови можности за соработка, во насока на унапредување на инклузијата, еднаквоста и подобрување на квалитетот на живот на ромската заедница.

Мени за пристапност