По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, беше организирана централна манифестација

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, беше организирана централна манифестација

Вечерта, по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, беше организирана централна манифестација од страна на Кабинетот, која се одржа во Park by Ragusa Group.

На настанот обраќање имаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Африм Гаши.

Настанот имаше силен меѓународен карактер, со присуство на претставници од дипломатскиот кор, амбасадори, министри, директори, градоначалници, пратеници, како и бројни гости и припадници на ромската заедница од целата држава, но и Роми од Република Турција, Република Србија, Република Албанија, Република Бугарија, Косово и други држави.

Беше истакнато дека 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, со амандман во 2007 година, бил внесен во Законот за празници и денес официјално се одбележува како државен празник и неработен ден за ромската заедница, што ја прави државата единствена во светот.

Исто така, беше нагласено дека токму во 2007 година започнале интегративните процеси за Ромите, кога за првпат биле вработени 5 Роми во државната администрација – чекор кој денес значително е унапреден со зголемено учество на Ромите во институциите, министерствата и органите на државната управа.

Беше потенцирано дека борбата за афирмација, интеграција и зачувување на идентитетот се води континуирано, со јасна цел за негување и развивање на културните традиции, обичаи, верувања и јазикот.

Притоа, беше изразена цврста посветеност за обезбедување еднаков третман на сите припадници на ромската заедница, во согласност со Уставот и законите, без дискриминација.

Беше истакнато дека се работи со визија, идеологија и јасна мисија за иднината на Ромите, водени од идеалите на Нелсон Мандела: „Мојот идеал е демократско и слободно општество, во кое сите луѓе ќе живеат заедно, во хармонија и со еднакви можности...“, како и од пораката на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Секогаш е право време да се направи она што е вистинско.“

Свеченоста беше збогатена со културно-уметничка програма во духот на заедништво, почит и достоинство.

По повод празникот, беше упатена честитка за 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Мени за пристапност