Средба со градоначалникот на Кочани – фокус на инфраструктурата во ромските населби

Средба со градоначалникот на Кочани – фокус на инфраструктурата во ромските населби

Денес, министерот без ресор оствари работна средба со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, на која во фокус беа условите за живот и инфраструктурните потреби на ромските населби во Кочани.

На средбата се разговараше за конкретни приоритети, меѓу кои патната инфраструктура, уредувањето на улиците и решавањето на инфраструктурните проблеми во ромските населби, со цел подобрување на секојдневниот живот на жителите.

Посебен акцент беше ставен на потребата од координирана соработка меѓу централната и локалната власт, со јасно дефинирани приоритети и конкретни чекори за реализација.

Ромската инклузија значи еднакви услови за живот за сите граѓани. Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во достоинствен живот, еднаквост и иднината на заедницата.

Кабинетот на министерот без ресор продолжува со директна координација со општините и работа на конкретни решенија за инфраструктурните предизвици на ромските заедници.

Мени за пристапност