Министерот без ресор, задолжен за спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, г. Ерџан Демир, денес оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Северна Македонија.
На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка во областите на образованието, економскиот развој, културната размена и социјалната инклузија, како и можностите за воспоставување партнерства што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот и создавање поголеми можности за ромската заедница.
Министерот Демир ја истакна важноста од размената на добри практики и искуства, нагласувајќи дека визијата за еднакви можности, социјална правда и одржлив развој претставува заедничка вредност и цврста основа за понатамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.
Воедно, министерот ја потенцираше подготвеноста за реализација на заеднички иницијативи и проекти кои ќе придонесат за унапредување на образованието, економското зајакнување, социјалната инклузија и развојот на локалните заедници.
Амбасадорката ја потврди подготвеноста на Народна Република Кина за натамошно унапредување на пријателските односи со Република Северна Македонија и за развој на конкретни иницијативи од заемен интерес, со посебен акцент на образованието, младите, економското јакнење и меѓусебното разбирање.
Соговорниците се согласија дека взаемната почит, солидарноста, почитувањето на културната разновидност и стремежот кон општествен напредок претставуваат силна основа за развој на идни заеднички проекти, како и за понатамошно зајакнување на пријателството и соработката меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина.
Средбата заврши со заемна определба за продолжување на редовниот дијалог и интензивирање на соработката во области од заеднички интерес, со цел создавање нови можности за развој и инклузија.