Министерот Ерџан Демир учествуваше на 19-та Европска платформа за инклузија на Ромите во Даблин

Министерот Ерџан Демир учествуваше на 19-та Европска платформа за инклузија на Ромите во Даблин

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Ерџан Демир, учествуваше на 19-та Европска платформа за инклузија на Ромите, која се одржа во Даблин, Ирска.

Учеството на оваа платформа претставува значајна можност за воспоставување и зајакнување на соработката со европските институции, државите и организациите кои активно работат во областа на инклузијата на Ромите. Воедно, ваквите средби овозможуваат да се слушнат различни искуства, да се согледаат успешните модели и да се разговара за предизвиците со кои се соочуваат ромските заедници во различни европски држави.

Особено значајна е размената на практични искуства и решенија кои можат да се применат и во нашата држава. Нашата цел е европските искуства и добри практики да не останат само на ниво на размена на идеи, туку да бидат преточени во конкретни политики, активности и резултати кои ќе придонесат за подобрување на секојдневниот живот на ромската заедница.

Како министер без  задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Ерџан Демир останува посветен на унапредување на институционалната соработка и создавање услови за целосна и еднаква вклученост на Ромите во сите сфери на општествениот живот.

Посебно внимание мора да продолжиме да посветуваме на областите кои директно влијаат врз квалитетот на животот, образованието, вработувањето, здравствената и социјалната заштита, домувањето, пристапот до јавните услуги, граѓанската регистрација, културата, јазикот и борбата против дискриминацијата и антициганизмот.

Инклузијата бара континуирана работа, координација и партнерство меѓу институциите, локалната самоуправа, меѓународните партнери и граѓанското општество. Само преку заеднички пристап можеме да создадеме одржливи решенија и еднакви услови за напредок.

Нашата определба останува јасна, еднакви можности, достоинствен живот и целосно учество на Ромите во општествениот живот.

Продолжуваме да градиме општество во кое секој граѓанин ќе има еднакви права, еднакви можности и свое место, без разлика на етничката припадност.

Од Даблин испраќаме јасна порака дека инклузијата на Ромите е заедничка европска обврска и дека конкретните резултати се најважниот показател за нашата посветеност

Мени за пристапност