Министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, г. Ерџан Демир, присуствуваше на настанот по повод официјалниот почеток на градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце.
Настанот претставува значаен чекор во унапредувањето на патната инфраструктура и подобрувањето на поврзаноста на Северна Македонија со регионот.
Присуството на министерот Демир на вакви значајни инфраструктурни настани ја потврдува посветеноста кон создавање подобри услови за рамномерен развој и подобар квалитет на живот за сите граѓани.