Ерџан Демир
Министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022 – 2030
Министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022 – 2030
Ерџан Демир е дипломиран економист. Во текот на своето образование активно се ангажираше во иницијативи и активности насочени кон унапредување на положбата на ромската заедница, придонесувајќи во решавањето на прашања од областа на образованието, социјалната инклузија, еднаквите можности и заштитата на човековите права. Низ годините беше вклучен во повеќе процеси и активности поврзани со унапредување на правата и интеграцијата на Ромите, стекнувајќи значајно искуство во креирањето и поддршката на политики и иницијативи од јавен интерес.
Ерџан Демир е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 во Владата на Република Северна Македонија.
Пред именувањето на оваа функција, во периодот 2025–2026 година, ја извршуваше функцијата национален координатор за креирање и следење на националните стратегии и политики за немнозинските заедници во Владата на Република Северна Македонија.
Во рамките на оваа функција беше одговорен за координација на институциите, следење на спроведувањето на стратешките политики и унапредување на механизмите за инклузија и еднакви можности за немнозинските заедници.
Во периодот од 2021 до 2025 година беше член на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, каде активно учествуваше во процесите на управување, донесувањето стратешки одлуки и унапредувањето на работењето на јавното претпријатие.
Своето професионално искуство го стекнуваше и преку повеќегодишен ангажман во невладиниот сектор како проектен менаџер, каде беше вклучен во подготовката, координацијата и спроведувањето на развојни и општествено значајни проекти.
Во приватниот сектор извршувал повеќе раководни и менаџерски функции, стекнувајќи богато искуство во организациско управување, развој на деловни процеси, стратешко планирање и координација на тимови.
Во својата работа како министер е посветен на унапредувањето на интеграцијата, еднаквоста и инклузијата на Ромите, како и на ефикасната координација на институциите во спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, со цел обезбедување еднакви можности и подобрување на квалитетот на живот на ромската заедница.