Во текот на денот беше остварена работна средба со новоименуваниот Амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер. На средбата беа разменети мислења за приоритетите и целите утврдени со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, како и за досегашните активности и резултати постигнати преку соработката со Швајцарската амбасада.
Воедно, беше разговарано за можностите за натамошно продлабочување и унапредување на партнерството, преку заеднички иницијативи и поддршка на проекти насочени кон подобрување на условите за живот, пристапот до образование, вработување и социјална заштита на ромската заедница.
На средбата беше истакнато дека Швајцарија претставува значаен и доверлив партнер во напорите за развој и спроведување на инклузивни политики, при што беше потврдена заедничката заложба за продолжување на соработката во интерес на унапредување на положбата и целосната социјална инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.