Министерот Салиу во својот Кабинет оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Андраш Клајн.
На средбата дискутираа за важноста на Стратегијата за инклузија на Ромите и мерките што се преземаат за подобрување на положбата на Ромите во општеството. Акцентот беше ставен на теми како што се пристапот до образование, здравствена заштита, вработување и станбено обезбедување на ромската заедница.
"Разменивме мислења и за предизвиците со кои се среќаваат во процесот на социјална инклузија и почитување на човековите права на Ромите, како и за можностите за регионална соработка и размена на добри практики" - вели Салиу.
"Амбасадорот на Унгарија ја истакна поддршката на неговата земја за нашите планови во имплементирањето на Стратегијата, нудејќи ја унгарската експертиза и искуства во областа на интеграцијата на маргинализираните заедници. Констатиравме дека во идниот период треба да се зајакне соработката помеѓу двете земји, со цел да се поттикнат проекти и иницијативи што ќе придонесат за еднакви можности и подобрување на животните услови на Ромите" - истакна Салиу.